Уметникот Андреевски изложува во Љубљана

Самостојна изложба на реномираниот македонски уметник Сергеј Андреевски беше отворена во галеријата МКД во Љубљана. Претставени се 20 дела за кои критика напиша словенечката уметница и писателка Ева Петрич.

Повеќе: Уметникот Андреевски изложува во Љубљана

„Лице в лице“ број 15 за создавање навики на новата читачка публика

Куп стихови од нашите омилени песни „прошетаа“ денеска низ штандовите на Саемот на книгата за време на промоцијата на 15. број на уличното списание „Лице в лице“. Со мотото „Создај навика“ на промотивниот настан интерпретиравме поезија, се присетувавме на омилените стихови, пишувавме нова, „случајна поезија“, цртавме инспирирани од книгите и уживавме во моќта на книгата.

Повеќе: „Лице в лице“ број 15 за создавање навики на новата читачка публика

„Книга од песок“ од Борхес објавена на македонски

Издавачката куќа „Бегемот“ објави збирка раскази „Книга од песок“ од Хорхе Луис Борхес, во превод на Ненад Велковски на Саемот на книгата 2015.

Повеќе: „Книга од песок“ од Борхес објавена на македонски

Саемот на книга ќе се одржи од 5 до 11 мај

Саемот на книга ќе се одржи од 5 до 11 мај, а се очекуваат голем број нови книги, дружења со автори и промоции. На саемот ќе се претстават повеќе од 70 издавачи, меѓу кои најпознатите домашни, но и од регионот и од Европа.

Повеќе: Саемот на книга ќе се одржи од 5 до 11 мај

Страница 23 од 23