Промоција на книгата „Ловци на светулки“ од Вера Калин

Во среда, со почеток во 19 часот во кафе барот „Концепт 77“ ќе се одржи промоција на најновото дело на Вера Калин, „Ловци на светулки“.

Повеќе: Промоција на книгата „Ловци на светулки“ од Вера Калин

Промоција на романот „Ние сме лудаци“ од Кокаланов

Промоција на политичко сатиричниот роман „Ние сме лудаци“ од Сашо Кокаланов објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачот ИЛИ-ИЛИ ќе се одржи во среда од 20 ч. во МКЦ – Клуб ресторан.

Повеќе: Промоција на романот „Ние сме лудаци“ од Кокаланов

„Леб и Сол Симфони“, распродаден првиот проштален концерт во МОБ

Македонската рок група Леби и Сол со концерт на 20-ти декември ќе прослави 40 години од своето постење и делување. Концертот, кој ќе го одржат во Македонската опера и балет (МОБ), воедно ќе биде и последниот настап на групата со кој се заокружува нивната блескава музичка кариера.

Повеќе: „Леб и Сол Симфони“, распродаден првиот проштален концерт во МОБ

Научна средба по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски

По повод патрониот празник и одбележувањето на големиот јубилеј – 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ја организира 9-та Научна средба на тема „Свети Климент Охридски – 1100 години духовен светилник“.

Повеќе: Научна средба по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски

Концерт на Македонската филхармонија и Елена Мисиркова во Виена

Гудачкиот оркестар на Македонската филхармонија на 9-ти декември ќе гостува во Виена, каде што ќе одржи концерт посветен на македонското творештво. Диригент ќе биде Саша Николовски Ѓумар, а како солист ќе настапи пијанистката Елена Мисиркова Лоза, која живее и работи во австриската престолнина.

Повеќе: Концерт на Македонската филхармонија и Елена Мисиркова во Виена

Прогласени победниците на шестото издание на Анимакс Скопје Фест

Јапонскиот краток филм Параде де Сатие на авторот Коџи Јамамура е овогодинешниот добитник на „Златната Тула“, на меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

Повеќе: Прогласени победниците на шестото издание на Анимакс Скопје Фест

Признание „Пријател на Македонија“ за Стјепан Месиќ

Убеден сум дека следните избори во Македонија конечно ќе овозможат историјата да им се препушти на историчарите за да може Македонија да се развива како сите други европски земји. Очекувам наскоро крај на кризата и верувам дека Македонија ќе ги исполни стандардите кои важат за ЕУ и дека ќе ги исполни поставените услови, рече поранешниот хравтски претседател Стјепан Месиќ на предавањето по свеченото доделување на годишните признанија на здружението на Македонците во Хрватска.

Повеќе: Признание „Пријател на Македонија“ за Стјепан Месиќ

Промоција на монографијата на Павле Кузмановски

Промоција на монографијата на Павле Кузмановски, во издание на „Матица македонска“ од Скопје, ќе се одржи во сабота напладне во културниот центар на манастирскиот комплекс во село Лешок.

Повеќе: Промоција на монографијата на Павле Кузмановски

Дарко Багески ќе настапи на меѓународен фестивал за гитара во Плевен

Гитаристот Дарко Багески в сабота, 3-ти декември, ќе одржи солистички концерт на вториот Интернационален фестивал и натпревар за гитара во Плевен, Бугарија (Pleven Guitar Festival).

Повеќе: Дарко Багески ќе настапи на меѓународен фестивал за гитара во Плевен

Филмот „Акт“ го отвори Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“

Со филмот на македонскиот уметник Ацо Станковски „Акт“ започна шестото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“.

Повеќе: Филмот „Акт“ го отвори Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“

Страница 4 од 101