Охридската резба во Рим за чествувањето на Свети Кирил

Охридскиот Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, ќе ја организира изложбата „Уметноста на македонската резба – традиција и континуитет“ во рамките на 47-та манифестација „Македонија во чест на свети Кирил“ во Рим.

Повеќе: Охридската резба во Рим за чествувањето на Свети Кирил

Промоција на книгата „Разговорница“ од Кристина Николовска

Книгата филозофски разговори „Разговорница“ од Кристина Николовска ќе биде промовирана на 21 мај (четврток) во 12 часот во „Матица ексклузив“. Книгата ќе ја промовираат Јордан Плевнеш и Венко Андоновски, а музички настап ќе има маестро Борис Трајанов. На промоцијата ќе има и средба со соговорници на Николовска.

Книгата содржи разговори за уметноста и за филозофија на уметноста со познатите: Гане Тодоровски, Ферид Мухиќ, Јордан Плевнеш, Горан Стефановски, Борис Трајанов и Венко Андоновски.

Повеќе: Промоција на книгата „Разговорница“ од Кристина Николовска

Филмот „Деца на Сонцето“ ќе се дистрибуира во Германија

Филмот „Деца на Сонцето“, во режија на Антонио Митриќески, годинава е на маркетот во Кан преку дистрибутерот „Принц филм“…

Повеќе: Филмот „Деца на Сонцето“ ќе се дистрибуира во Германија

Отворање на изложбата „Унгарците го истражуваат Ориентот“

Изложбата „Унгарците го истражуваат Ориентот“ денеска ќе биде отворена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопјe.

Повеќе: Отворање на изложбата „Унгарците го истражуваат Ориентот“

Бугарката Вања Ангелова добиник на наградата „Книжевна далга“

Познатата бугарска авторка Вања Ангелова е годинешен добитник на меѓународната награда „Книжевна далга“ што ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

Повеќе: Бугарката Вања Ангелова добиник на наградата „Книжевна далга“

„Жените од Алжир“ на Пикасо е продадена за 180 милиони долари

Маслото на платно на Пабло Пикасо од 1955 година беше продадено во аукциската куќа „Кристи” за 179.400.000 долари, што стана најскапото уметничко дело што некогаш е продадено на аукција.

„Кристи“ претходно проценуваше дека сликата „Жените од Алжир“/ верзија на О / дека ќе се продаде за 140 милиони долари, но повеќе понудувачи по телефон понудиле 160 милиони, за крајната цена да достигне 179.365.000 долари, вклучувајќи ја и провизијата на аукциската куќа која изнеусва околу 12 отсто.

Повеќе: „Жените од Алжир“ на Пикасо е продадена за 180 милиони долари

Македонската современа литература ги освои симпатиите на читателската публика на солунскиот Саем за книга

Саемот за книга во Солун отвори можност за продлабочување на македонско-грчката соработка на полето на културата, литературата и научно-истражувачката дејност. На саемот, по повеќе од една деценија одржување, првпат на иницијатива и со поддршка на Генералниот конзулат на Македонија во Солун и конзулот Маја Апостолова, беше поставен македонски штанд и беа претставени истражувачката дејност на врвниот славист проф. Вера Стојчевска Антиќ, и творештвото на двајцата реномирани македонски писатели, Александар Прокопиев и Томислав Османли.

Повеќе: Македонската современа литература ги освои симпатиите на читателската публика на солунскиот Саем...

Македонски уметници се претставуваат на Венециското биенале

На Биеналето на уметноста во Венеција, македонскиот павилјон беше отворен во просториите на „Сале д’Арми“, во изложбениот простор „Арсенале“. На оваа престижна манифестација, Македонија е претставена со проектот „Ние сите сме сами во ова“, на ликовните уметници Христина Ивановска и Јане Чаловски.

фотографијата и текстот се превземени од Мета.мк  во согласност со условите на агенцијата

Повеќе: Македонски уметници се претставуваат на Венециското биенале

Уметникот Андреевски изложува во Љубљана

Самостојна изложба на реномираниот македонски уметник Сергеј Андреевски беше отворена во галеријата МКД во Љубљана. Претставени се 20 дела за кои критика напиша словенечката уметница и писателка Ева Петрич.

Повеќе: Уметникот Андреевски изложува во Љубљана

„Лице в лице“ број 15 за создавање навики на новата читачка публика

Куп стихови од нашите омилени песни „прошетаа“ денеска низ штандовите на Саемот на книгата за време на промоцијата на 15. број на уличното списание „Лице в лице“. Со мотото „Создај навика“ на промотивниот настан интерпретиравме поезија, се присетувавме на омилените стихови, пишувавме нова, „случајна поезија“, цртавме инспирирани од книгите и уживавме во моќта на книгата.

Повеќе: „Лице в лице“ број 15 за создавање навики на новата читачка публика

Страница 6 од 7