Најчести лаги кои мажите ги користат да дојдат до секс: „Ќе го ставам само малку“

Многу мажи кога треба да наговорат жена на акција во спалната соба се служат со мотото дека целта ги оправдува средствата. Жените понекогаш мислат дека не ги познаваат мажите доволно, а понекогаш едноставно не се расположени за секс.

 

Меѓутоа, тоа се причините кои мажите ги игнорираат. Поради тоа ги изговараат овие мали лаги во надеж дека жената ќе попушти.

„Ти само биди мирна, јас ќе те мазам“, речиси и да е сигурна карта за пролаз. Повеќето жени ќе возвратат со мазење, а потоа следниот чекор е секс.

„Само ќе се прегрнуваме“, се често изговарани зборови од мажите, кои сметаат дека жените ќе се растопат после малку нежност, а нивното „не“ ќе се претвори во „да“.

„Ќе го ставам само малку“, а сигурно е дека нема. Во неговата глава „само малку“ не се смета како секс, а се надева дека и жените така ќе размислуваат. Ако жената се согласи, јасно му е дека добил зелено светло.

„Сакам жени кои се сигурни во себе кога станува збор за секс“, е изјавата со која мажот нема да мисли дека жената е лесна затоа што спие со него на прв состанок. Напротив, таа е само сигурна во себе и во својата сексуалност. Глупаво е да се чека, уверува тој, но откако ќе го добие она што го сака, постои шанса да престане да му биде интересна.

Loading...