Иванов откри шокантни детали - Живаљевиќ извести дури откако влезе во Собранието, за да има алиби

Посочениот советник на претседателот Иванов, не е овластено лице за пријавување на движење и престој на странски претставници и во конкретниот случај постапил согласно безбедносните протоколи, за што изготвил и архивирал извештаи проследени до надлежните претпоставени. Ова стои во експресната реакција на кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов по изјавата на советникот за безбедност во амбасадата на Србија во Македонија и припадник на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Горан Живаљевиќ, дека одобрение за да влезе во Собранието на 27 април, добил од советникот на Иванов.

Повеќе: Иванов откри шокантни детали - Живаљевиќ извести дури откако влезе во Собранието, за да има алиби

Премиерот Заев оствари средба со Независниот синдикат на професионалните војници

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска оствари средба со Независниот синдикат на професионалните војници.

Повеќе: Премиерот Заев оствари средба со Независниот синдикат на професионалните војници

ПРЕДМАЛКУ СООПШТЕНА ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски новинар

Денеска во Скопје, на 57-годишна возраст ненадејно почина долгогодишниот новинар на „Вечер“ и „Експрес“, Ѓорѓи Ристески-Џостер.

Повеќе: ПРЕДМАЛКУ СООПШТЕНА ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски новинар

СЕ СЛУШАА ИСТРЕЛИ - Вооружен грабеж во Скопје

На 22.08.2017 година во 21,45 часот во ЕИК-Скопје било пријавено дека на ул.„Новопроектирана“ во продавница „Стокомак“ од страна на две непознати лица било извршено разбојништво при што со закана од пиштол од вработените биле одземени пари од дневниот промет.

Повеќе: СЕ СЛУШАА ИСТРЕЛИ - Вооружен грабеж во Скопје

Киднапирање на девојче ја потресе Македонија

На 22.08.2017 година во ПС-Ресен, Е.К.(49) пријавил дека околу 07,30 часот од семејниот дом во Ресен била грабната неговата ќерка Р.К. (18). Истата била грабната од страна на У.В. (20) од с.Поум-струшко, кој заедно со неговиот татко и уште неколку лица кои се превезувале во патничко возило “Фолксваген Голф“ управувано од Џ.Ф. (20) од с.Биџево и патничко возило “Фолксваген Голф 3“, дошле во домот на Е.К. каде насилно ја зеле Р.К. и заминале во непознат правец.

Повеќе: Киднапирање на девојче ја потресе Македонија

УХМР излезе со прогноза за утре

До крајот на месецов ќе се задржи претежно сончево време со посвежи утра. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, а од недела на некои места ќе го надмине и просекот за овој период од годината.

Повеќе: УХМР излезе со прогноза за утре

Димитров и Дачиќ задутре во Ниш ќе ги затоплуваат меѓусоседските односи

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и неговиот српски колега Ивица Дачиќ денеска ги поздравија принципите за надминување на тензиите меѓу Србија и Македонија, договорени од македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Повеќе: Димитров и Дачиќ задутре во Ниш ќе ги затоплуваат меѓусоседските односи

Страница 1 од 1903