МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Еве со каква информација предмалку излезе УХМР

Утре времето ќе биде претежно облачно, ветровито и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Попладне врнежите ќе престануваат.

Утре и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина до 80 км/час. Од понеделник се очекува стабилизирање со значително пониски температури на воздухот. Најстудено ќе биде во вторник и среда наутро кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -15 степени.
УХМР Македонија

Loading...