Македонците во Албанија остро го критикуваат министерот Бушати

Македонците во Албанија остро реагираат на изјавата на албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати во која тој Македонците ги нарекуива Славомакедонци.



Македонскo друштво „Илинден“ од Тирана и Македонскo друштво „Илинден“ Тиран – Огранок Голо Брдо со осуда реагираа на дел од интервјуто дадено од страна на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати за телевизија Топ Ченел. Министерот,имено го нарече македонскиот народ славоМакедонци.

Двете споменати здружени сметаат дека изјавата на министерот за надворешни работи на Албанија е несоодветна, неодговорна и навредувачка.

Макеонците одТирана и од Голо Брдо бараат од шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати во иднина да не прави дефиници без право и без основа.

„Ние мора да работиме со храброст да се изградат искрени и пријателски односи меѓу Албанија и Македонија“, се наведува меѓу друото во реакцијата на македонското друтштво „Илинден“ од Тирана./извор:Макфакс

Loading...