Помош поради смрзнатини и скршеници побарале 127 пациенти

Повеќе од 100 пациенти побарале помош во старата Градска болница во Скопје, во изминативе четири дена, како последици од студот.

 

Директорката Јасминка Чабуковска­Радуловска информира дека во изминатите четири дена како последица од ладното време и замрзнатите улици во болницата се јавиле 127 пациенти од кои 11 се задржани во болницата.

„Пациентите најмногу имаат фрактури на подлактицата и надлактицата, фрактури на колкот, дисторзии, а има и една смрзнатина кај пациент кој го чистел снегот без ракавици. Утринава до 11 часот помош побарале 11 лица“, рече Чабуковска­Радуловска.

Според неа, Универзитетската хируршка клиничка болница има капацитет и ќе ги згрижи сите пациенти кои ќе побараат помош во наредните денови./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)

loading...
реклама*