Вооружени ограбиле обложувалница, маркет и автомобил

Во три одделни кражби, вооружени и маскирани разбојници украле пари, документи и пиштол.

 

Во понеделникот, околу 19.19 часот во Скопје на ул.„Тале Христов“ поточно во спортската обложувалница „Спорт Лајф“, две непознати лица маскирани и вооружени со огнено оружје-пиштоли, извршиле разбојништво над еден вработен при што одзеле околу 19.000 денари, а потоа го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Истиот ден, во 20.42 часот во Скопје на бул.„Партизански Одреди“, во маркет „Стокомак 21“, непознат сторител вооружен со пиштол и маскиран со плетена црна маска, извршил разбојништво и од вработените одзел околу 27.000 денари, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Кражба била извршена и околу 19,19 часот во Скопје на бул.„Борис Трајковски“ од страна на непознат сторител во автомобил „Ауди“ со скопски регистерски ознаки сопственост на К.С. (24) од село Сопиште-Скопје. Сторителот со употреба на погоден предмет го искршил задното десно стакло од возилото, ја протнал раката и одзел една црна ташничка во која имало документи и еден пиштол „Црвена Застава“ калибар 9мм, со две рамки и 18 куршуми калибар 9мм сопственост на таткото на К.С., кој го поседувал со дозвола. Крадецот избегал стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 30.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display