Крадел велосипеди низ центарот на Скопје - но потоа му се случило ОВА

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Р. (38) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени осум кривични дела тешка кражба.

Имено, пријавениот во периодот од 10.05.2014 до 14.07.2014 година, во време меѓу 11,00 до 15,00 часот, во централното градско подрачје, во Градскиот трговски центар извршил осум тешки кражби на велосипеди. При извршувањето на кривичните дела сторителот користел погоден алат и физичка сила, и притоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 96.000 денари.

 

спонзориран линк:
Loading...