Следува пораст на температурите: Еве од кога

И утре изутрина ќе биде многу студено на повеќе места со температури под -15 степени, а дневните температури ќе бидат во пораст.

 

Времето утре ќе биде сончево, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Дневната температура ќе се движи од -6 до 5 степени Целзиусови.

Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота, кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег.

Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет.