Што ќе се случува со времето?

Сончево, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец.


Утринските температури ќе бидат ниски и ќе се движат од -20 до -9, додека дневните ќе бидат во интервал од -6 до 5 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -18 и дневна до -2 степена.

Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот и во сабота, кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет.