Тежок инцидент го потресе Куманово

На 16.02.2017 година во 02.40 часот во ПС Куманово,  Н.А. (30) од Куманово пријавил дека околу 02.15 часот со негово ПМВ „Рено Твинго“ отишол на бензинска пумпа лоцирана на автопатот Куманово - ГП „Табановце“.

По кратко време дошол С.Ш. од с.Грушино, скопско, со ПМВ „Опел Тигра“ со скопски регистарски ознаки  и му рекол на Н.А. да влезе во возилото. Откако влегле во возилото се упатиле кон с.Черкези. Таму  застанале во непосредна близина на плац за продажба на возила и С.Ш. со тупаница го удрил Н.А. во пределот на лицето, а потоа извадил пиштол, му се заканил дека ќе го убие и го удрил со рачката од пиштолот во пределот на главата, со што му нанел видливи повреди. СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Loading...