Пронајдена граната во Дебреште

На 16.02.2017 година во 11.20 часот во ПО Ропотово, Р.Ш. (46) од с.Дебреште пријавил дека при ископ на земјиште за градба на верски објект, наспроти ОУ„Вера Циривири-Трена“, била пронајдена неексплодирана артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна.

Полициски службеници од ПО Ропотово излегле, го обезбедиле местото и ја известиле екипата од Дирекцијата за заштита и спасување, кои безбедно ја подигнале гранатата.

 

спонзориран линк:
Loading...