НЕКОЛКУМИНА ИНСПЕКТОРИ ПАДНАА ВО РАЦЕТЕ НА ПОЛИЦИЈАТА - Еве за што се теретат

НК за КР Гевгелија поднесе кривични пријави против Ѓ.И. (59) од Валандово, вработен како инспектор во Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија – Подрачна единица Валандово, М.Т. (51) од Гевгелија, вработен како инспектор во Дирекција за заштита и спасување на Република Македонија – Подрачна единица Гевгелија, против Ѓ.П. (45) од Валандово, управител, основач и сопственик на правно лице од Валандово.

Поднесени се кривични пријави поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот и второпријавениот сториле 16 кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“, а третопријавениот дек сторил 15 кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување“. Прво и второ пријавениот во периодот од 01.12.2014 година до 06.09.2016 година извршиле 16 инспекциски надзори во 14 правни лица на подрачјето на општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци, за што изготвиле 16 записници за извршен инспекциски надзор во кои констатирале прекршоци-недостатоци сторени од страна на одговорните лица во правните лица. Истите констатирале дека не се вршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување, како и дека нема на увид елаборати за извршени мерења на громобранска инсталација и заштитно заземјување. Понатаму, согласно записниците, давале рокови од 30 дена, односно осум за отстранување на недостатоците. По изминување на дадените рокови не вршеле контролен инспекциски надзор за констатирање на состојбите и почитување на дадените рокови за отстранување на недостатоците од страна на одговорните лица во правните лица во кои бил вршен надзорот. Со овие дејствија првопријавениот и второпријавениот му овозможиле на третопријавениот, во својство на одговорно лице, во име и за сметка на правното лице да се стекне со имотна корист од 431.009 денари. По вршените инспекциски надзори од страна на прво и второпријавениот во правните лица, третопријавениот со вршење на задолжените мерења на громобранската инсталација и заштитното заземјување и изготвување на задолжените елаборати причинил вкупна материјална штета во износ од 154.816 денари.

 

спонзориран линк:
Loading...