Ограбена обложувалница во Тетово

Двајца од кои едниот маскиран ограбиле обложувалница во Тетово под закана со пиштол, соопшти полицијата.

 

Во четвртокот околу 22.45 часот во Тетово на ул. „Маршал Тито“ во спортска обложувалница две непознати лица, од кои едното маскирано, извршиле разбојништво над вработениот.

Сторителите пред настанот биле во обложувалницата и гледале фудбал, а по затворањето излегле надвор. После пет минути се вратиле и со закана со пиштол одзеле неутврдена сума на пари, по што побегнале од местото.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот./извор:Макфакс

Loading...