ДС: Резолуцијата на ЕП за правата на „Бугарите“ во Албанија е гаф на македонската дипломатија

Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара да се почитуваат правата на “бугарското население” во албанските региони, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци, претставува сериозна провокација од официјална Софија, но и голем гаф на македонската дипломатија, која не презема ништо за да ги информира и предупреди европејците дека носењето на таквата резолуција не е одраз на реалните состојби во тие региони, велат од Демократскиот сојуз(ДС).

 

„Демократскиот сојуз, смета дека, Европскиот парламент не смее да “наседнува” на злоупотребите со членството во ЕУ, кои ги прави Бугарија со издавањето државјанства и пасоши на Македонци. Познато е дека голем дел од нив, било да живеат во Република Македонија, или се малцинство во некоја од соседните држави, од чисто економски причини земаат бугарски пасош, која за нив е патна исправа што им овозможува непречен влез и престој во земјите на Унијата“ се вели во соопштението од ДС.

Поната,му од ДС додаваат дека во Албанија нема бугарско национално малцинство, туку македонско.

„Доколку имаше, ќе формираше свои културни друштва или политичка партија и ќе покаже и друг вид на активности“, појаснуваат од ДС.

спонзориран линк:
Loading...