Маж починал откако се превртел со трактор

Маж на возраст од 45 години се превртел со тракторот што го возел, а од здобиените повреди, починал, соопшти полицијата.

 

Имено, во неделата околу 10.40 часот на шумскиот пат на околу 2 км на влез во село Алашевце, кумановско, А.Д. (45) од село Оризари, Кумановско, управувајќи трактор се превртел при што од здобиените пореди починал на местото на настанот.

Смрт е констатирана од страна на лекар од Општа болница Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

спонзориран линк:
Loading...