Еве што објави Заев во интервјуто за Ал Џазеира (ВИДЕО)

Никола Груевски треба да биде подготвен да премине во опозиција и да се случи демократско предавање на власта затоа што зад нас стојат 67 пратеници односно 700.000 гласови, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за „Ал Џезеира Балканс“.

 

– Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и кој ја предизвика кризата, кој прислушуваше десетици илјади граѓани, затвораше новинари, опозиционери и други невини луѓе, кој е осомничен за финансиски криминал, најголем во поновата историја на Македонија да биде решение за кризата – истакна Заев.

Во врска со документот што го најави Груевски, што неговата партија би го подготвила како решение за кризата, Заев рече дека времето за каков било документ е веќе завршено.

– Само програмата на новата Влада е решение. Тој ќе се соочи со документи и докази за криминалите направени во негово време, но тоа е работа на независните институции. Единствено решение е да дозволи мирен, демократски трансфер на власта, бидејќи со кочењето на процесите ја турка Македонија во немило сценарио. Време е после 10 години да бидат конструктивна опозиција со која сакаме да соработуваме, но само така можеме да ги туркаме процесите за граѓаните и иднината на нашата земја. Остануваме во институциите, треба да се формира нова влада и ВМРО-ДПМНЕ треба да оди во опозиција. Да се зборува дека Македонија ќе биде уништена затоа што тој нема да е на власт, тоа е далеку од здрав разум – рече Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека немило сценарио веќе два месеци „виси“ над Македонија, но дека за конфликт се потребни двајца и дека нема да дозволат судир на народ со народ.



Извор: Мета.мк

Loading...
Loading...

JW Player
JT Fixed Display