Еве какво ќе биде времето

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 15 до 24 степени Целзиусови.

 

До крајот на работната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на топла воздушна маса, и ќе предизвика сончево и топло време, со мала до умерена облачност.

Максималните температури ќе бидат повисоки од просечните за овој период од годината. Во западните делови ќе имa услови за ретка појава на краткотраен дожд, особено во вторник и четврток.

Loading...