ДОАЃА НОВАТА ВЛАДА: ЗОРАН ЗАЕВ ПРЕМИЕР ПОНЕДЕЛНИЧКИ?

Процесот на формирање на новата Влада е во завршна фаза, дознава Скај, а во тек се финишите во преговорите околу утврдувањето на Владината програма и кадровските решенија за министерските места и врвните директорски позиции. Реално е да се очекува нова влада веќе следната недела, пред конгресот на СДСМ.

 

Според информациите во тек се преговори меѓу идните коалициони партнери СДСМ, ДУИ и БЕСА.

Учеството на БЕСА се уште е несигурно, но доколку нема министри кои се под истрага на СЈО, речиси е сигурно дека и оваа албанска партија ќе учествува во идната реформска власт.

Оливер Спасовски ќе биде новиот министер за Внатрешни работи, додека Радмила Шеќеринска вицепремиерка за евроинтеграции или пак министерка за одбрана, по примерот на Франција, која за прв пат стави жена министер за одбрана.

Министерството за труд и социјална политика се очекува да и припадне на Мила Царовска, додека Никола Димитров може да биде ќе биде новото решение за Министерството за надворешни работи.

Рената Дескоска ќе седне на министерското место во Министерството за Правда, додека Љупчо Николовски ќе биде прв човек на Земјоделие.

Како прв финансиер се очекува да биде Драган Тевдовски, а во овој ресор се спомнува и името на Кире Наумов.

ДУИ со оглед дека го доби претседателското столче во собранието, ќе ги добие и образование, животна средина и економија, додека Здравство ќе го води веројатно човек од Алијанса на Албанците.

СДСМ има план да има силна пратеничка група, па така дел од најгласните и квалитетни кадри ќе останат на пратеничките столчиња.

 

ЗОРАН ЗАЕВ ВО УЛОГА НА ПРЕМИЕР ВО БРИСЕЛ НА 24 МАЈ?

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и шестте лидери од Западниот Балкан, ќе имаат работна вечера на 24 мај во Брисел.

Цел на овој неформален состанок е да се разговара за ситуацијата во регионот, практично неколку часови пред доаѓањето на претседателот на САД, Доналд Трамп во ЕУ и во НАТО, каде што ќе има средба со првите луѓе на Унијата и ќе присуствува на самитот на НАТО.

Според извори од Брисел официјалните покани се уште не се испратени до лидерите но се очекува на состанокот со Могерини да присуствуваат премиерите на шестте земји , така што може да се случи ова да биде меѓународна промоција на лидерот на СДСМ Зоран Заев како нов премиер.

Дали Заев ќе добие покана и за самитот на НАТО и дали ќе се најде на ист настан со новиот претседател на САД, Доналд Трамп, се уште не е извесно.

Loading...