ДЕТАЛИ: Еве за што се разговараше меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска не разговарале за кадровските решенија за ресорните министерства и оваа тема е оставена за наредните средби, стои во кусото соопштение од СДСМ по средбата на двајцата лидери.

 

Теми на денешната средба, која е прва во рамките на преговорите помеѓу СДСМ и ДУИ за составување нова влада, биле принципите на соработка, реформската влада и НАТО-интеграциите.

„Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства“, стои во соопштението од СДСМ за средбата.

Loading...