ШИЛЕГОВ: Клинички центар ќе изгради новата Влада, ќе има ревизија на договорот потпишан од Тодоров!

- Нов Клинички центар во Скопје ќе изгради новата реформска Влада. Граѓаните на Македонија ќе добијат реален, модерен и функционален Универзитетски клинички центар, изјави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

 

Во продолжение итегрален текст од изјавата на Шилегов:

Постапката на изградба ќе се одвива на транспарентен начин, како што ќе работи новата Влада и затоа што станува збор за потреби на граѓаните и за пари на граѓаните. А не како сега, низ политиканство и на крајно сомнителен начин.

Најавуваме дека ќе има ревизија на работењето на Владата со технички овластувања во заминување. Меѓу другото ќе бидат преиспитани и процедурите преку коишто во последен момент, пред трасферот на власта, Тодоров и соработниците влегоа во договор за изградба на нов Клинички центар што треба да се реализира во иднина.

Прво, Владата со технички овластувања нема овластувања да потпишува вакви договори на неколку дена пред заминување.

И клучно, да ги интересираа потребите на граѓаните, Никола Тодоров и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, немаше да чекаат да станат опозиција за да потпишуваат договори за нов Клинички центар.

Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ им ветија на граѓаните нов Клинички центар во 2012 година и тој требаше да биде готов до 2 јануари 2017.

19 мај е, а од најавениот нов Клинички центар од страна на ВМРО-ДПМНЕ се уште има само тараби и дупки.

Новата рерормска Влада ќе го врати концептот на единствен Универзитетски клинички центар во којшто сите клиники ќе бидат функционално поврзани. Пациентите нема да бидат препраќани од клиника во клиника, да припаѓаат по ходници и да бидат оперирани во фоајеа на клиниките.

Неискрените и неодговорни политичари во заминување ќе подлежат на одговорност за сите противзаконски активности на штета на граѓаните.

Loading...