ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ НАЈАВУВА НОВАТА ВЛАДА: Ново работно време на административците, сега ќе работат до 20 часот!

СДСМ ќе воведе работно време во две смени до 20 часот во клучните институции, што ќе им го олесни  животот на граѓаните што нема да мораат да  излегуваат од работа или да земаат ден од годишен одмор или боледување, за да завршат административни работи.

 

Ова е дел од планот за животот на СДСМ, а административците кои се стручни, професионални и си ја работат работата во корист на граѓаните, нема да бидат избркани.

Каде што има превработеност, ќе ги се насочат вработените, според нивната стручност, кон јавните сервиси каде недостига кадар, за подобри услуги на граѓаните. Ќе се воведе кариерен модел на напредување во работата, а казните од оценувањето ќе бидат укинати. Паралелно со создавањето ефикасна администрација, ќе бидат создадени услови и за развој на домашните фирми, кои ќе отвораат работни места. Новите работни места ќе бидат стимулирани со поддршката на бизнис секторот од 140 милиони евра кои заедно со останатите мерки за вработување ќе овозможат просечна плата од 30.000 денари

 

Loading...