АНКЕТА - Драматично расте рејтингот на СДСМ!

Телевизијата Телма во соработка со МЦМС објави анкета според која ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се изедначени.

 

Ако утре се оддржат избориза ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 отсто од граѓаните, а за СДСМ 23,7 отсто, покажуваат резултатите од последната анкета на Телевизија Телма и МЦМС.

За ДУИ би гласале 8,5 отсто, за Движењето Беса 3,7 отсто, за Алијансата за Албанците 1,8 отсто, а за ДПА 0,9 отсто од граѓаните.

Според анкетата голем е и бројот на граѓани кои не дале одговор, односно не сакаат да кажат за кого би гласале и граѓани кои не би излегле на изборите.

Разликата од 0,8 отсто меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е во рамките на статистичката грешка. Рејтингот на СДСМ е во пораст во однос на минатата година, кога првата анкета на Телма покажала разлика од 4.8 проценти меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

 

Loading...

JT Fixed Display