СДСМ со чекор кој ја шокираше опозицијата - еве каква најава пристигна од Тунтев за нивното учество на собраниската седница за разрешување на Зврлевски

И покрај тоа што имаме многу да зборуваме за Марко Зврлевски, за стотиците кои неосновано завршија во затвор и за не покренувањето обвиненија, пратениците од СДСМ нема да учестуваат во ваква бесмислена расправа, рече денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

 

„На оваа седница се збори за се освен за точката на дневен ред. Си го трошиме времето, а и парите на граѓаните“, рече Тунтев.

Обраќајки се кон пратениците од опозицијата, Тунтев рече дека е време да се тргне кон реформите кои ги очекува Европската Унија и граѓаните на Република Македонија.

Сите пратеници од СДСМ кои беа пријавени за збор не се присутни во Собраниската сала.

Пратениците од опозицијата остануваат на своите ставови дека во моментов е поважно да се разговара за пожарите, мигрантите и Законот за јазици наместо, за како што велат, незаконското разрешување на Марко Зврлевски, кое според нив е спротивно на членот 8а од Изборниот законик.

 

Loading...