ВЛЕГОЛ ВО БАНКА ВО СКОПЈЕ И РЕКОЛ: Излезете надвор, тоа е бомба!

На 12.08.2017 година во 09,35 часот вработен во банка лоцирана на ул. "Народен фронт" пријавил дека во два наврати во банката се јавило непознато машко лице, кое на српски јазик кажало "Излезете надвор има нешто околу банката", а потоа додало "Тоа е бомба".

Од страна на екипа за Антитероризам излезено е на местото на настанот, при што извршена е целосна проверка на објектот на банката и на поблиската околина при што не е пронајдена екслозивна направа. Се работи на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое лажно пријавило.

 

Loading...