Колариќ: Се вработуваат партиски војници и соросоиди

- На лагата и се кратки нозете и тоа уште еднаш се покажа како вистина во првите месеци на работа на Владата на СДС. СДС во предизборието ветуваше департизација на институциите и професионални кадри, а наместо тоа добивме партиски војници,соросоиди, платеници револуционери и неадекватни кадри за директори на државни институции, изјави на денешната прес-конференција Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

- Капацитетот на 67 институции ќе биде сведен на нула поради бруталната партизација на институциите која ја спроведува владата на СДС. Тие уште еднаш потврдија дека едно зборат, а друго прават кога ќе дојдат на власт. Сонот на Курто Дудуш со кој партиската книшка на СДСМ ќе стане втора лична карта во Македонија полека, но сигурно станува реалност во Македонија на штета на сите граѓани на Република Македонија.


Граѓаните ќе ја плаќаат цената за партизацијата на институциите. Наместо професионална услуга и институции кои им служат на граѓаните тие ќе добијаат институции кои му служат на Зоран Заев, СДС и оние со члеснка книшка од СДС.

Додека граѓаните очекуваат исполнување на ветувањата за просечна плата од 30 илјади денари и минимална плата од 16 илјади денари како и плата од 100 илјади денари за докторите, СДС го плаќа цехот кон шарената револуција, невладините организации и партиските потрчковци, изјави Колариќ.

Loading...