Шеќеринска во Прилеп: Започна крајот на диктатурата на Груевски! (ВИДЕО)

Над 5000 прилепчани и вечерва храбро и одлучно излегоа и во еден глас му порачаа на Груевски – ДОСТА Е!

На отворениот граѓански парламент, пред толпата народ се обратија пратеничката Радмила Шеќеринска која им порача на спроведувачите на режимот дека токму од Прилеп започна крајот на диктатурата на Груевски. Дека Прилеп ја почна третата револуција. Меѓу другото пред присутните се обрати и претставникот на граѓанското здружение АМАН - Влатко Ристески, кој истакна дека деновите на собирање арач од дуќанџиите завршуваат, и дека претседателот на Собранието – Трајко Вељановски му испратил писмо со кое го излажал дека иницијативата на АМАН за поевтина струја ќе биде поставена пред пратениците.

- Навистина ми е чест и задоволство вечерва за првпат да не присуствувам на скопските протести, туку да дојдам во Прилеп и да им оддадам признание на нашите прилепски сограѓани за силата, енергијата, ентузијазмот и отпорот кој што го покажаа. Прилеп останува верен на својата традиција да е прв и да е херој и да покаже дека слободата нема алтернатива. Во оваа држава многу работи зависат од власта, ама моќта е кај граѓаните. Прилепчани покажаа дека тоа го знаат да го покажуваат, рече Шеќеринска.

Powered by Spearhead Software Labs Joomla Facebook Like Button

  

За нас...

Импресум | Маркетинг | Контакти

Издавач : МЕДИАФАКС

Copyright © 2011 - 2014 Sky News - новинска агенција 

- политика за приватност :: услови за користење -

Вестите на интернет страницата на новинската агенција Sky може да се користат исклучиво за лично информирање.  

Site Meter.