Полицијата со шок-бомби се обидува да ги истисне демонстрантите од Собранието

Специјални полициски единици два часа по избувнувањето на насилствата во Собранието, по изборот на Талат Џафери за нов спикер, почна со обиди за истиснување на демонстрантите кои го „зазедоа“ Собранието. Во Собранието, како што пренесуваат медиумите, одекнуваат татнежи од шок-бомби. Според последните информации, во Собранието е исклучена електричната енергија и осветлувањето.

Повеќе: Полицијата со шок-бомби се обидува да ги истисне демонстрантите од Собранието

БОГОЕВ: Добро сме повеќето - ќе издржиме!

- Добро сме повеќето полицијата помага. Ќе издржиме! - напиша вечерва на Фејсбук Стефан Богоев, пратеник од СДСМ, кој се наоѓа во Собранието.

Повеќе: БОГОЕВ: Добро сме повеќето - ќе издржиме!

Собранието се целосно блокирани од насилниците

Сите влезови на Собранието се целосно блокирани од насилниците кои не и дозволуваат на полицијата да ги изнесе пратениците.

Повеќе: Собранието се целосно блокирани од насилниците

Нападната новинарска екипа на Телма!

Вечерва група граѓани нападнале екипа на телевизија Телма, која известувала од пред Собрнието. Екипата е извлечена со полициско обезбедување и во моментов е на безбедно, објави телевизија Телма.

Повеќе: Нападната новинарска екипа на Телма!

ВИДЕО: Демонстрантите го напаѓаат Заев, Шекеринска ја влечат за коса

При нападот на демонстрантите од „За заедничка Македонија“ на Собранието на Република Македонија, физички нападнат беше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, додека за коса беше влечена Радмила Шекеринска.

Повеќе: ВИДЕО: Демонстрантите го напаѓаат Заев, Шекеринска ја влечат за коса

Могерини: Го осуди нападот на Парламентот и практично го призна изборот на Талат Џафери како спикер

Се јави и шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, која го осуди се уште актуелниот напад на Парламентот и практично го призна изборот на Талат Џафери како спикер.

Повеќе: Могерини: Го осуди нападот на Парламентот и практично го призна изборот на Талат Џафери како спикер

Лајчак напиша: „Максирани луѓе го нападнаа македонскиот Парламент прашувајќи кој е всушност одговорен за неговата заштита„

Словачкиот премиер Мирослав Лајчак напиша дека „максирани луѓе го нападнаа македонскиот Парламент прашувајќи кој е всушност одговорен за неговата заштита„.

Повеќе: Лајчак напиша: „Максирани луѓе го нападнаа македонскиот Парламент прашувајќи кој е всушност...

Претседателот Иванов ќе се обрати до македонските граѓани

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва во 22:00 часот ќе се обрати до граѓаните на Република Македонија.

Повеќе: Претседателот Иванов ќе се обрати до македонските граѓани

ПОЛИЦИЈАТА ИЗЛЕЗЕ СО СООПШТЕНИЕ: Еве што се случува!

Денеска (27.04.2017) околу 18,50 часот граѓаните кои протестираа во организација на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“, насилно влегоа во просториите на Собранието на Република Македонија. Во нарушувањето на јавниот ред и мир со повреди се здобиле неколку пратеници во Собранието и неколку цивили. При обидот да бидат спречени во намерата 10-тина полициски службеници се здобиле со повреди при што беа префрлени на скопските клиники.

Повеќе: ПОЛИЦИЈАТА ИЗЛЕЗЕ СО СООПШТЕНИЕ: Еве што се случува!

Страница 3 од 1303