Милошоски: Заев сака да направи паралелно собрание и да изврши државен удар

Заев од денеска натаму е единствениот и прв кој што повикал јавно да се урне собранискиот и уставниот поредок и да се изврши државен удар со паралелно собрание и паралелен претседател на законодавниот дом, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на прес-конференција во Собранието, одржана веднаш по онаа на лидерот на СДСМ на која тој порача дека е време парламентарното мнозинство да си ја преземе одговорноста.

Повеќе: Милошоски: Заев сака да направи паралелно собрание и да изврши државен удар

„За заедничка Македонија“ до Заев: Да одиш против народот – повели, пробај!

Иницијативата „За Заедничка Македонија“ преку Фејсбук страницата му испрати порака на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да не помислува да „оди против народот“ откако тој преку собраниската говорница и преку прес конференција најави дека ќе се избере претседател на Собранието, или во пленарната сала или на некое друго место. Пораката на За Заедничка Македонија“ гласи:

Повеќе: „За заедничка Македонија“ до Заев: Да одиш против народот – повели, пробај!

Нотарите бараат да се врати Законот од 2007 со кој имаа повеќе работа

Одредбите во Законот за нотаријат кои стапија на сила на почетокот на годината непотребно ги усложнуваат и ги поскапуваат постапките кај нотарите со задолжително учество на адвокати, поради што нотарите сметаат дека треба да се вратат решенијата од Законот од 2007 година кога такви одредби не постоеја.

Повеќе: Нотарите бараат да се врати Законот од 2007 со кој имаа повеќе работа

СЕ ОГЛАСИ ВМРО ДПМНЕ ВО ВРСКА СО СЛУЧУВАЊАТА ВО ЈАСЕН - Еве што велат тие за информациите дека...

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира невистините кои цела недела си ги објавува СДС преку својот Фокус, а потоа пренесени од останатите портали под контрола на партијата и Сорос, за наводна намера на раководството на ВМРО-ДПМНЕ да го користи резерватот „Јасен“ за наводен државен удар и слични други конструкции лиферувани од овие медиуми, со цел да ја манипулираат јавноста.

Повеќе: СЕ ОГЛАСИ ВМРО ДПМНЕ ВО ВРСКА СО СЛУЧУВАЊАТА ВО ЈАСЕН - Еве што велат тие за информациите дека...

Заев –имаме целосна поддршка од ДУИ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги демантираше наводите дека нема целосна поддршка од мнозинството. Рече дека имаат целосна поддршка од ДУИ и другите политички партии.

Повеќе: Заев –имаме целосна поддршка од ДУИ

Заев: Не може Груевски да бара од мене отфрлање на платформа а тој самиот не ја отфрли

Зоран Заев лидерот на СДСМ, му порача на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека не може од него да бара отфрлање на платформата, затоа што тоа не го направил самиот.

Повеќе: Заев: Не може Груевски да бара од мене отфрлање на платформа а тој самиот не ја отфрли

Заев – Час поскоро ќе избереме собраниски спикер

Час поскоро парламентарното мнозинство ќе избере претседател на Собранието, согласно Уставот и Деловникот. Уставот не го ограничува тоа и ние сме должни кон граѓаните да го направиме тоа, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на конференцијата за медиумите во собранискиот прес-центар.

Повеќе: Заев – Час поскоро ќе избереме собраниски спикер

Промовирана Мрежата за медиумска писменост

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ја промовираше Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија, чија цел е унапредување на соработката меѓу различните чинители во македонското општество кои креираат и спроведуваат политики и реализираат активности и проекти во сферата на медиумската писменост.

Повеќе: Промовирана Мрежата за медиумска писменост

Манојловски: Да бидиме луѓе, сите работиме за Македонија

Најстариот пратеник во Собранието од редовите на ДУИ, Бранко Манојловски, обраќајќи им се на пратениците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, порача да проработи човечноста кај пратениците и да работат за добро на Македонија.

Повеќе: Манојловски: Да бидиме луѓе, сите работиме за Македонија

Страница 8 од 1303