Заборавил каде го паркирал Бе-Ем-Ве-то, го нашол по шест месеци - кога ја видел сметката за паркинг ќе паднел во несвест!

Еден Шкот го позајмил Бе-Ем-Ве-то на пријател за да оди на концерт во Манчестер.

 

Го паркирал автомобилот на еден од катовите на гаражата во Етихад стадионот и подоцна веќе не можел да го најде. Пет дена го пребарувал паркиралиштето, а потоа заклучил дека потрагата веќе нема смисла и се откажал.

Сопственикот на колата контактирал неколку компании и градската канцеларија да проверат дали автомобилот е некаде лоциран, или пак можеби го однел пајак, но никој не можел да го лоцира. Два месеци подоцна го пријавиле автомобилот како украден.

Но, нешто пред Нова година, полицијата на истото паркиралиште го пронашла Бе-Ем-Ве-то кое одговарало на описот и го повикала сопственикот да му ја соопшти добрата вест.

„Полицијата го пронајде автомобилот кој е паркиран во јуни на паркингот на Етихад стадионот. Возачот таму го оставил, а подоцна не можел да се сети каде го паркирал“, напишал инспектор Фил Спургеон на социјалните мрежи и додал: „Не можеме ниту да замислиме колкава ќе биде сметката за паркирање“.

Се претпоставува дека за паркинг ќе плати околу 5.000 фунти.

спонзориран линк:

(adverts)

loading...
реклама*