Последните зеленчукови градини под ѕидините на Константинопол се уништуваат

Реџеп Ераслан е глава на пет члено семејство кое се храни со одгледување на зеленчук на површина од 5 хектари, во центарот на Истанбул, и сето тоа би можело да продолжи со децении, како и досега, ако зеленчуковата градина не се наоѓа токму под 1600-годишниот историски споменик, кој е под заштита на УНЕСКО, а властите решиле да го преориентираат регионот од зеленчук кон туризам.

 

Минатата година, спокојството на оваа зелена парцела, во срцето на 15-милионскиот мегаполис беше нарушено од градежни машини, се раскажува во репортажата објавена во понеделникот од страна на фондацијата “Томсон Ројтерс”

На местото крај тврдината “Једикуле”, можеби до сега постоеја најстарите градски градини во светот, но општината Истанбул одлучи тука да направи ресторани и кафулиња, паркови, зони за спорт и паркинзи.

“Властите рекоа дека сакаат местото да го исчистат”, коментира производителот за зеленчук.

Според нив регионот не е доволно чист, а и градинарите можат да го уништат древните ѕидови. Покрај тоа крај тврдината ноќе се собирале наркомани и бездомници, кои палат огнови и го уриваат историското наследство.

Ераслан и неговите колеги се немоќни да направат било што, бидејќи земјата и припаѓа на општината.

Во репортажата се потсетува дека амбициозните урбанистички планови на локалните власти во 2013 година ги предизвикаа првите бунтови, а повод за нив беа пренамената на паркот “Гези”. Во исто време 10 акри од градините на Исмаил паша од 17 век беа избришани од внатрешноста на тврдината “Једикуле”./извор:Макфакс

Loading...

JT Fixed Display