Без вода Драчево, Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково, поради голем дефект

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 600 мм на бул. „Борис Трајковски“ бб (пред мостот Драчево), ќе има продолжено прекинато водоснабдување на корисниците од населбата Драчево, село Студеничани, Батинци, Моране и Зелениково до санирање на дефектот.

 

Се работи за тешки теренски услови под мост на 9 метри длабочина, на цевка со огромен профил од Ф 600. Две цистерни со питка вода ќе кружат низ населбите, со акцент кај градинките и училиштата.

Телефон за информации: 02/3073-010/извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)

loading...
реклама*