Град Скопје го објави јавниот повик за повластен јавен градски превоз

Градот Скопје упати јавен повик до здруженијата на граѓани, најдоцна до 23 декември да достават список на баратели кои ги исполнуваат условите за повластен превоз во ЈСП.



Советот на Град Скопје, на предлог на Градоначалникот на Град Скопје, на седницата одржана на 13.12.2016 година, изгласа Програма со која се определуваат видовите на повластеното користење на јавниот градски превоз, категориите на лица со посебни потреби кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз, како и условите и постапката за стекнување на тоа право.

„Заинтересираните граѓани, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесно оштетување, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз можат да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на градот Скопје“, се вели во соопштението на Град Скопје./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...