Казни за четири кафулиња во Центар заради прегласна музика

Казните за одговорните и за правните лица ќе бидат изречени од страна на Општина Центар, откако било утврдено дека во кафе бар “Чао“, паб “Комедија“, “Аперитиво бар“ и “Џуси бар“ се пушта музика погласно од дозволеното.



Инспекциските служби извршија надзор, по пријава од граѓани, дека музиката која доаѓа од кафулињата им го нарушува мирот и сонот.

„Општина Центар ќе продолжи со преземање мерки против гласната музика во објектите и затоа ги повикува сите жители на Центар да се вклучат и да помогнат во решавање на овој проблем со тоа што ќе пријават гласна музика, за да можат инспекциските служби брзо да реагираат и да преземат соодветни мерки“, порачуваат од локалната власт./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...