Фрлени 103 тони сол на улиците и булеварите низ Скопје

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатита ноќ фрлија 103 тони сол на градските булевари и улици за да спречат појавување голомразица, соопштуваат од Град Скопје.

 

„Екипите на зимската служба со 10 возила интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот. Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите“, додаваат од Град Скопје.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти, порачуваат од Град Скопје./извор:Макфакс

спонзориран линк:

(adverts)