Отсечени села во охридско, меѓуградскиот сообраќај во отежнати услови

Сите крајезерски села, натаму од Пештани, се отсечени поради снежните наноси и ниските температури.


До Трпејца, Љубаништа и Свети Наум, откажани се линиите во меѓуградскиот сообраќај, а тешко се стигнува и до повисоките села како Велестово, Елшани, Коњско и Шипокно.

Отсечени се и планинските села во општина Дебрца.

Автобусите кои сообраќаат од Охрид до Скопје и обратно, како и од и до останатите дестинации во државата, поаѓаат во редовните термини, но пристигнуваат на крајната дестинација со задоцнување.
Од охридската транспортна фирма „Галеб“ велат дека нивните возила патуваат и преку превоите без поголеми проблеми, но со мало задоцнување.

– Во моментов сообраќајот на Стража се одвива подобрено во однос на синоќа и превојот е прооден. Полошо е на Пресека, но автобусите сепак се движат натаму. Кон Велес и кон Штип и Кочани е исто така проблематично (особено на Плетвар), но сообраќајот се одвива со мало доцнење. Автобусот кој синоќа тргна кон Белград во моментов е во Ниш затоа што автопатот е привремено затворен поради снежни навеви и наноси на коловозот – информираат од најголемиот автопревозник во Охрид, АД „Галеб“.

извор: Мета

спонзориран линк:

(adverts)