ЈСП нема да ги рефундира парите од картичките за деновите на бесплатен превоз

ЈСП СКОПЈЕ ја информира јавноста дека согласно одлуката на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, почнувајќи од истиот момент на објава на ова соопштение, претпријатието ќе ги превезува граѓаните бесплатно.

 

Ова мерка е од времен карактер и важи за сите лица кои имаат потреба од јавен превоз и истата ќе биде активна се до нејзино укинување од страна на Градоначалникот.

Мерката за бесплатен јавен превоз е воведена како последица на загаденоста на воздухот во Скопје и со истата се очекува намалување на користењето на леките возила.

Исто така, информираата дека од моментот на воведување на оваа мерка, билетарниците на ЈСП СКОПЈЕ ќе работат само со дежурните служби на следните локации: Зелен пазар, Ѓорче Петров, Бутел пазар, и транспортен центар од 6 до 17 часот.

„Напоменуваме дека од системски т.е. технички причини, ЈСП СКОПЈЕ нема да може да изврши рефундирање на средствата на веќе набавените времени билети, ниту пак пролонгирање на нивната важност“, соопштија од претпријатието.

спонзориран линк:
Loading...