Четири дански тинејџери се обиделе да запалат жив авганистански тинејџер

Четири дански момчиња се уапсени и обвинети за обид за убиство откако се обиделе да запалат 16-годишно авганистанско момче, јави данската полиција, пренесоа медиумите.

 

Четирите момчиња се на возраст од 15 и 16 години и се етнички Данци.

Момчињата фрлиле запалено шише со газија на Авганистанецот, кој се здобил со сериозни изгореници и е во критична состојба.

Инцидентот се случил во малиот град Ри, јужно од Скандерборг,во понеделникот околу 19 часот

Во вторникот, тие биле сослушани. Полицијата се уште не го окарактеризирала злочинот како криминал поттикнат од омраза кон авганистанското момче.

„Според информациите со кои располагаме, веројатно се работи за конфликт меѓу петте момчиња, кои посетувале исто училиште во Ри. Нема конкретен доказ дека конфликтот е поради различната етничка припадност“, велат од полицијата.

Loading...