Камион падна во провалија во Кумановско - се уште не можат да го извлечат

Камион влекач, марка Волво, кој пренесувал текстил излетал од патот кај село Облавце, Куманово и паднал во провалија, потврди кумановската полиција.

 

Имено, според првичните информации, настанот се случил вчера околу 8 часот и 30 минути.

Возачот В.К. најверојатно изгубил контрола врз камионот и паднал во провалијата поради неприлагодена брзина и влажниот коловоз.

Истиот се здобил со телесни повреди, потврди СВР Куманово.

Камионот-влекач се уште се наоѓа во провалијата, бидејќи станува збор за непристапен терен и потребна е соодветна механизација за да се подигне, а сообраќајот се одвива непречено.

Loading...