Полицијата, една недела подоцна, врши проверки на жителите на “Вуковарска” каде беше пронајден експлозив

Скопската полиција ги распрашува и заведува имињата на целото соседство, откако во подрум од зграда на улицата “Вуковарска”, во неделата, пронајде експлозив и експлозивни направи, пренесува Макфакс.

Жителите на “Вуковарска” се изненадени и зачудени од постапувањето на полицијата, бидејќи тие одат од стан до стан и бараат да се заведат имињата на станари. Она што особено ги збунува е времето на заведувањето, бидејќи тоа се случува една недела по извршената заплена.

Министерството за внатрешни работи не соопштува ништо за дополнителните проверки. Оттаму, во понеделникот беше потврдено дека имало заплена на експлозивни материјали, но не беше прецизирано што точно било пронајдено и одземено.

спонзориран линк:
Loading...