ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ГОСТИВАР - Еве што се случило

Полициска акција синоќа била спроведена во Гостиварско, во која приведени биле 5 странски државјанки, известува СВР Тетово.

Имено, како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, седум женски лица на возраст од 23 до 38 години, биле затекнати во угостителскиот објкет „Мексико Сити“ на улицата „Илинденска“, нешто по полноќ. Тие биле ангажирани да ги забавуваат гостите во локалот како пејачки и танчерки.

Откако биле приведени, утврдено е дека две од нив се Македонски државјанки, две од Албанија, а две од Косово. Македонските државјанки и сопственикот на локалот Р.Б.(43) по извршениот разговор се пратени на слобода, а странските државјанки се пратени во отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Исто така бил приведен и И.Х.(53) од Добри Дол, кој ги омаловажувал и навредувал полициските службеници.

Оваа година, во локали во Гостиварско се приведени 10 странски државјанки, кои работеле без дозвола за работа.

 

спонзориран линк:
Loading...