Рапиден пораст на разводите во Дебар

Последните години во општина Дебар е забележан рапиден пораст на разводите.

 

Вршителот на должноста претседател на Основиот суд во Дебар Илир Исени за Макфакс изјави дека во минатата година биле поднесени 51 барање за развод. Според него во споредба со 2011 година бројот на разводите е дуплиран, бидејки тогаш биле примени 24 барања за развод.

Во меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, велат дека главни прилчини за зголемениот број на разводи е миграцијата на еден од брачните парови во странство заради работа, но и социјалните проблеми на младите брачни двојки.

Според социијалниот работник Исмаил Мерсимоски клучен социјален момент во разводите е одвоениот живот на младите брачни двојки. „Брачното советувалиште при Центарот за социјални работи ги преземе сите потребни мерки и активности, но сепак расте бројот на разводите“ вели Мерсимоски.

Loading...