ВОЗИЛА ВО ВЕЛЕС ВИВНАА ВО ПЛАМЕН - Погледнете што се случило

Ноќеска, околу 3.20 часот во Велес на ул. „Лазо Смаков“, пред угостителски објект, од непознати причини настанал пожар во паркиран автомобил „Пасат“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г.Л.

 

Возилото целосно изгорело, а со пожарот бил зафатен и автомобил „Опел“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на А.М., при што опожарен бил задниот дел.

Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Велес, а увид ќе се врши во вторник. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Loading...