ХОРОР ВО КУМАНОВО - Труп пронајден во Пчиња

Во понеделникот, во 15 часот во село Студена Бара, кумановско, во коритото на реката Пчиња бил пронајден непознат машки леш закачен на гранки во фаза на распаѓање.

 

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. Лешот е изваден од водата и по наредба на Јавен обвинител е предаден на обдукција.

Според кумановските медиуми се работи за Драган Цветковски (59) Куманово, кој речиси два месеци се води како исчезнат.

Безживотното тело на несреќниот човек закачено на гранка во водата го нашол случаен минувач околу 15 часот и пријавил во полиција. Синот на Цветковски потврдил дека татко му е пронајден мртов, а тој го идентификувал телото.

Цветковски беше пријавен за исчезнат на 19 декември.

Loading...