Нови инвестиции во јавните претпријатија на Град Скопје

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на седницата во четврток ќе ги поддржи предложените инвестициони програми на јавните претпријатија за 2017 година, со која продолжува опремувањето на јавните претпријатија со опрема и со механизација.

 

„На денешната седница ќе бидат предложени инвестициони програми на три јавни претпријатија во кои се предвидени инвестиции во набавка на механизација, опрема, возила и други важни инвестиции во износ од над 212 милиони денари или околу 3,5 милиони евра“, рече Марјан Додовски, советник во Град Скопје.

За потребите на ЈП „Паркови и зеленило“ќе биде набавена нова опрема, што значи нови возила и механизација за што ќе се инвестираат над 20 милиони денари. За потребите на ЈП „Улици и патишта“ќе биде набавена нова опрема, значи возила и механизација за што ќе се инвестираат 25 милиони денари, додека ќе се одвојат дополнителни 30 милиони денари за изградба на нови простории за секторот механизација, со што ќе се затвори ова повеќедецениско прашање.

За потребите на ЈП „Комунална хигиена“ ќе се набави нова механизација и возила за што ќе се издвојат околу 72 милиони денари, понатаму околу 20 милиони денари за набавка на дополнителна опрема, садови за смет, и уште 45 милиони денари за реализација на проекти како постапување со отпадот, поставувањето на подземни контејнери, рециклажа и собирање на кабаст отпад, или вкупно над 137 милиони денари.

Тој потсети дека на минатата седница на Советот на град Скопје беа усвоени и инвестиционите програми за 2017 година на ЈП „Градски паркинг“, ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП ЈСП-Скопје.

Со ова, во 2017 година, за опрема, механизација и возила, како и за инфраструктурни инвестиции, јавните претпријатија на Град Скопје ќе инвестираат близу три милијарди денари./извор:Макфакс

Loading...