„Аџибадем Систина“ отвора поликлиника во Битола

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ инвестираше во отворање на својата прва поликлиника во Битола.

 

Во близина на центарот на Битола, на површина од преку 500 квадратни метри, новата поликлиника ќе нуди медицински услуги од педијатрија, гинекологија и акушерство, интерна медицина и кардиологија. Поликлиниката „Аџибадем Систина“ располага и со дневна болница за возрасни и педијатриска дневна болница.

Во Поликлиниката во Битола, покрај редовните доктори, секој работен ден прегледи и консултации ќе изведуваат и доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од Скопје. Со тоа, сите граѓани на Битола и регионот ќе имаат можност да бидат поблиску до врвната медицинска грижа која „Аџибадем Систина“ ја нуди веќе седум години./извор:Макфакс

фото: официјална facebook страница на „Аџибадем Систина“

спонзориран линк:
Loading...