Противпожарната единица на Дебар лани интервенирала 88 пати

Територијалната противпожарната единица на Дебар, која со своите активности ги покрива општините Дебар и центар Жупа, минатата година интервенирала 88 пати во гаснењето на пожари.

 

Според командирот на единицата Џетан Мифтаровски, од наведените пожари 27 се на објекти, 53 на отворен простор, и осум се технички интервенции .

Тој додаде дека и оваа бројка на пожари и интервенции е помала за 20 отсто во споредба со лани. Инаку во Извештајот на противпожарната единица во Дебар се вели дека вкупната штета направена од пожари изнесува 5,4 милиони денари, што исто така е помала за над 25 отсто во споредба со 2016 година.

Loading...