Општина Центар гради парк за миленици

Општина Центар започна со изградба на парк за миленичиња.

 

Паркот е сместен во рамките на “Паркот на новинарите”, спроти Министерството за образование и наука, и е на површина од 308 метри квадратни.

За поголема безбедност, просторот ќе биде опколен со ограда висока два метри.

Паркот ќе биде збогатен и со урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци. Во договор со граѓаните, ќе бидат поставени и реквизити за миленичињата и ќе овозможи активно дружење со домашните миленици.

Како што посочува градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, општината е во постојана комуникација со своите жители, и се грижи за нивните потреби./извор:Макфакс

спонзориран линк:
Loading...